Економија

Првомајски протести - Предничат независните синдикати

Независните синдикати засега предничат во определбата и решеноста за Први мај, ден кој се одбележува во чест на трудот на работникот, да одржат работнички протести и протести за повеќе економски и социјални права.

15.04.2018 12:38:14
 Независните синдикати засега предничат во определбата и решеноста за Први мај, ден кој се одбележува во чест на трудот на работникот, да одржат работнички протести и протести за повеќе економски и социјални права. Така Конфедерацијата на синдикати на Македонија најави дека на 1 мај не планира да прави скара, туку ќе излезе на протести.

 ССМ како една од најстарите синдикални организации во Македонија нема најавено ни како ќе го одбележи својот значаен јубилеј во Македонија и дали ќе добие поддршка од останатите синдикални организации и здруженија, но секако се очекува да излезе првомајски протест како што најавуваше новото синдикално раководство по смената на Живко Митревски.  

Исто така нема ништо официјално најавено или потврдено и од Конфедерацијата на слободни синдикати, но и од нив е сосема извесно дека ќе видиме протести на 1 мај, само прашањето е дали тие ќе бидат одвоени или пак ќе има солидаризација. 

Маршот на денот на трудот ќе почне пред МРТ во 11 часот, па затоа од 

КСОМ ги повикаа сите граѓани и работници да им се пруклучат.  

Ќе бараат комплетна промена на законот за работни односи како и измени на законот за извршување. Барањата истиот ден ќе бидат доставени до Владата и надлежните институции. Од Конфедарцијата ќе побараат и тие активно да бидат вклучени во сите законски измени и иницијативи од областа на работничките права.