Спорт

ЖРК Вардар лесно во реваншот со Митјиланд до нова виза за Будимпешта

Екипата на ЖРК Вардар обезбеди ново учество на фајнл-фор турнирот во Лигата на шампионки, откако на денешниот натпревар во Скопје славеше убелива победа над Митјиланд во реваншот од четвртфиналето од елитното натпреврување.

14.04.2018 20:38:25
 Вардарки петти пат ќе бидат дел од завршницата во Лигата на шампионки. Убелдивата игра на скопскиот меч со Митјиланд им донесе нова виза за Будимешта, а воедно и на најдобар можен начин ѕвездениот состав емотивно се збогуваше со скопската публика.
 На мечот кој помина во доминација на македонската екипа, имаше мала неизвеност само во поечтните минути. На полувремето екипата на Ирина Диброва замина со предност од 17:12, а по паузата следуваше вистинска доминациија која резултираше и со оргомна позитива од 13 голови, по што со рутинска игра домашниот тим го заврши победнички дуелот на кој Андреа Лекиќ беше најефикасна со седум гола, а Лејно имаше 12 одбрани.