Економија

Конфедерацијата на синдикални организации закажа протест за Први Мај

Масовен протест за заштита на работничките права најавија за Први мај од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.

14.04.2018 18:01:22
 Масовен протест за заштита на работничките права најавија за Први мај од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија. Оттаму велат дека сите работници, особено оние во приватниот сектор едвај можат да се изборат за своите права во компаниите каде што работат. Бараат целосна промена на Законот на работни односи што поскоро. Ги повикаа сите работници да излезат и да го кренат својот глас за подобри услови за работа.

Од КСОМ не знаат дали на протестот ќе им се придружат и репрезентативните синдикати. Велат тие две синдикални организации со години преговараат со владата и не успеале да се изборат и работниците во јавниот сектор да добиваат К-15. Затоа бараат нивната организација да биде вклучена во преговорите со Владата и работодавачите.

Од Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати досега нема најави за организирање протести по повод Денот на трудот. Протестниот марш организиран од страна на Конфедерација на синдикални организации ќе почне во 11 часот пред зградата на Македонската Радиотелевизија. 


Тања Попова