Спорт

Нова суспензија за Буфон, УЕФА му прости на Рамос

Бурната реакција по контроверзниот пенал досуден за Реал Мадрид во Лигата на шампиони може да значи и дополнителна суспензија за голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон.

13.04.2018 19:58:33
Имено УЕФА и италијанската фудбалска федерација неговото однесување како и изјавите по натпреварот ги смета за недолични поради што би можеле да го суспендираат од настапи во Серија А.

Од друга страна Европската фудбалска асоцијација одлучи да не му изрече казна на капитенот на Реал, Серхио Рамос, кој и покрај суспензијата завршните моменти од натпреварот го следеше од под трибинскиот простор, а УЕФА одлуката ја темели на тоа дека Рамос не бил на ниво на теренот.