Спорт

Арсенал и Атлетико во полуфинален дуел во Лигата на Европа

Арсенал и Атлетико Мадрид ќе се сретнат во полуфиналето во Лигата на Европа на средба на двата фаворити за освојување на титулата во натпреварувањето.

13.04.2018 19:57:12
Жрепката во Нион немаше респект  кон Арсенал и Атлетико кои првиот натпревар ќе го одиграат на 26 април на Емирати стадионот во Англија додека реваншот во Шпанија е седум дена подоцна.

На вториот полуфинален дуел на 26 април Марсеј ќе го пречека Салцбург.

Финалето во Лигата на Европа ќе се одигра на 16 мај во Лион.