Спорт

Вардар доминантно во финалето од СЕХА лигата

Вардар ги оправда очекувањата и фаворитската улога на дуелот со Брест Мешков и во спортскиот центар „Јане Сандански“ црвено –црниот состав со 33:24 славеше над Белорусите за место во финалето.

13.04.2018 19:50:50
Составот на Раул Гонзалез поведе уште на самиот старт од средбата, а веќе во седмата минута имаше и предност од три погодоци, 6:3, која константно растеше и Мешков ниту еднаш не ја загрози. 

Вардар на полувреме замина со резултат 17:14, а доминацијата и крајот на и најмалите сомнежи ја потврди од старотот на вториот дел кога противникот седум минути го задржа без погодок, притоа додавајќи пет на своето конто за 22:14 и мирна завршница на дуелот. 

Лука Циндриќ со 7 гола го предводеше Вардар до победата, а во редовите на нашиот шампион по четири погодоци постигнаа Игор Карачиќ, Иван Чупиќ, Данил Шишкарев и Вуко Борозан.

Одличен на голот беше Арпат Штербик со 20 одбранети удари. 

Вардар противникот во финалето, закажано за недела, ќе го дознае по дуелот Загреб –Целје кој стартува од 20:15 часот.