Економија

Цигарите со нова повисока цена

Цените на цигарите почнаа да поскапуваат. Повисоки цени засега добија сите брендови на Тутунскиот комбинат од Прилеп и дел од цигарите увезени од странство.

13.04.2018 18:37:28
Цените на цигарите почнаа да поскапуваат. Повисоки цени засега добија сите брендови на Тутунскиот комбинат од Прилеп и дел од цигарите увезени од странство. Најскапите цигари поскапеа најмногу, десет денари од кутија. Останатите добија повисока цена за два, четири или пет денари. Засега со иста цена се продаваат цигарите на Империјал тобако.

Ова е првиот бран на поскапување годинава, согласно календарот  за зголемување на акцизата за цигари, што почна пред три години и ќе заврши во 2023 година. Согласно Законот, нова повисока цена, најверојатно за четири денари, ќе добијат и останатите брендови до први јули годинава.

Поскапите цигари треба да влијаат дестимулативно врз пушењето, но пушачите не се откаж уваат. Дел од парите од зголемената акциза треба да се вложат во подобрување на здравствената заштита на граѓаните. Според податоците на Министерството за финансии во февруари по основ на акцизи во буџетот се влезени 27 милиони евра. За цела година, според проекциите, ќе се соберат 420 милиони евра.Од пред околу еден месец, пушењето во Македонија е дозволено и во затворените тераси.

Податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути.