Економија

Во Пелагониското поле ќе има наводнување

Пелагониските земјоделци на стартот од пролетната сеидба се пред голем предизвик да посејат поголеми површини со трудоинтензивни култури, пред с`е, со пченка за зрно.

13.04.2018 17:12:50
Пелагониските земјоделци на стартот од пролетната сеидба се пред голем предизвик да посејат поголеми површини со трудоинтензивни култури, пред с`е, со пченка за зрно. Меѓутоа, овие култури колку и да се доходовни, за успешна реколта, покрај поголемиот обем на агротехнички операции во однос на житото, неопходно е наводнување. Овој пат, природата последните неколку месеци беше дарежлива со вода и акумулацијата во ХС ``Стрежево`` забрзано се полни.

- Во овој момент акумалцијата ``Стрежево`` е со капацитет од 94 милиони м3 вода , а поради добарата хидролошка година и зголемениот доток на вода во месеците април и мај очекуваме акумалцијата да достигни до 112 милиони м3  вода. Со тоа, ќе можеме максимално да испорачаме вода за нашите водокорисници- рече Методија Граматковски, директор на ЈП ``Стрежево``.

Оваа ситуација наложи пооптимистички плански проекции во ЈП ``Стрежево`` и сега се очекува над две илјади индивидуални земјоделци да склучат договори за наводнување на 2. 800 ха, а во ЗК ``Пелагонија`` 4. 500 ха или вкупно да се наводнуваат над 7. 300 ха, што е повеќе за две илјади хектари споредено со ланската година. Треба  да се охрабрат земјоделоците, наместо да бидат само потпрени на субвенциите и на производство од житни култури, како што прават некои.


Во другите земјоделски региони на Државата, не случајно велат дека Пелагонија е мисирот. Ако е веќе така и годинава ако природата беше дарежлива и стрежевската акумулација е полна со вода, тогаш земјоделците мораат да го направат вистинскиот чекор и да посејат трудоинтензивни земјоделски култури, пред с`е пченка за зрно и да ги задоволат своите финансиски и други потреби, а од друга страна профитот и заработката да биде многу поголема.


Петар Стефановски