Спорт

Заврши првиот дел од сезоната во НБА, Минесота во последен момент влезе во плеј оф

Во НБА лигата се одиграа 12 натпревари со што заврши првиот дел од сезоната.

12.04.2018 19:44:42

Во директниот дуел кој решаваше за последното место во разигрувањето за титулата во Западната конференција, Минесота по продолжение од пет минути го совлада Денвер со 112:106. Карл Ентони Таунс мечот го заврши со 26 поени и 14 скока, Џими Батлер додаде 31 поен и пет освоени топки под обрачите додека Џеф Тиг имаше 17 поени и седум асистенции. На спротивната страна Никола Јокиќ забележа 35 поени и 10 скока, Вил Бартон впиша 24 поени, осум освоени топки и пет асистенции, а Џамал Мареј беше стрелец на 20 поени.

Оклахома славеше во мечот против Мемфис со 137:123 и на крајот го освои четвртото место на Западот, а Расел Вестбрук стана првиот играч во историјата на НБА кој два пати по ред на крајот од првиот дел на сезоната има трипл-дабл просек. Вестбрук на дуелот со Мемфис имаше учинок од шест поени, 20 скока и 19 асистенции, а Пол Џорц со 40 поени беше првиот стрелец на мечот.

Во останатите натпревари:

Бостон - Бруклин 110:97

Чикаго - Детроит 87:119

Кливленд - Њујорк 98:110

Мајами - Торонто 116:109

Њу Орлеанс - Сан Антонио 122:98

Орландо - Вашингтон 101:92

Филаделфија - Милвоки 130:95

ЛА Клиперс - ЛА Лејкерс 100:115

Портланд - Јута 102:93

Сакраменто - Хјустон 96:83