Сцена

На кралската венчавка покането девојчето, кое го преживеа масакрот во Манчестер

На претстојната свадба на британскиот принц Хари и неговата избраничка Меган Маркл, поканета е и Амелија Томпсон, 12-годишно девојче коешто лани го преживеа терористичкиот напад на концертот на Аријана Гранде во Манчестер.

12.04.2018 10:24:38

Кога нејзината мајка и рекла дека добила покана, Амелија прво помислила дека таа се шегува.

- Останав без текст. Мислев дека некој се подбива со мене... Дури подоцна, кога ги чув деталите, сфатив дека навистина сум поканета, изјави Томпсон.

Минатиот месец принцот Хари, петти во редот за британскиот престол, и актерката Маркл најавија дека ќе поканат 1.200 јавни личности на свадбата во Палатата во Виндзор, закажана за 19 мај.

Амелија Томпсон, била кандидирана од нејзината мајка - Лиза Њутн.

Напаѓачот во Манчестер уби 22 лица, од кои седум деца, а околу 500 луѓе беа повредени.