Спорт

Јута го декласираше шамионот

Јута забележа убедлива победа од 40 поени разлика над шампионот Голден Стејт.

11.04.2018 12:50:31
До триумфот од 119:79, јута ја предводеше Донован Мичел кој на средбата, со постигнатите четири коша од линијата за три поени го подобри руки рекордот за постигнати тројки со 186, минувајќи го Демијан Лилард.

Мичел средбата ја заврши со 22 поени, Дерик Фејворс додаде 16 и Џонас Џеребко 14 поени.

Кај Голден Стејт најефикасен со 23 поени беше Клеј Томпсон, Кевин Дурент уфрли 13 и Кевон Луни 12 поени.

Хјустон Рокетс со 105:99 славеа над Лос Анџелес Лејкерс.

Џејмс Харден дуелот го заврши со 21 поен и 10 асистенции додека Крис Пол уфрли еден поен повеќе.
Кај Лејкерс Џош Харт запиша 20 поени.

На останатите средби победа на Шарлот над Индијана од 119:93, Филаделфија со 121:113 славеше над Атланта, Вашингтон со 113:101 го победи Бостон и Феникс со 124:97 триумфираше кај Далас.