Култура

Во „Фросина“ премиера на „Заробено време“ од Милан Никодијевиќ

Во киното Фросина денеска премиерно ќе биде прикажан филмот „Заробено време“ во режија на Милан Никодијевиќ.

11.04.2018 10:49:37

Во киното Фросина денеска премиерно ќе биде прикажан филмот „Заробено време“ во режија на Милан Никодијевиќ.

Филмот е посветен на југословенскиот рокенрол и е снимен во поранешна Југославија. Во него најголемиот регионален музички новинар Петар Пеца Поповиќ ја испишува својата неформална биографија со Горан Бреговиќ, ЈУ група, Смак, Индекси, Корнелија Ковач, Влатко Стефановски, Бајага, Калиопи, Велибор Џаровска - Џаро...

Филмот ќе биде прикажан како дел од проектот „Денови на српска култура во Македонија“ во организација на Културно-информативниот центар Спона.

Влезниците се со цена од 100 денари, а на премиерата ќе се претстави и тимот кој го реализираше овој документарец.