Црна хроника

Ротвајлер искаса татко и ќерка-граѓаните стравуваат од кучињата и бараат реакција од надлежните

Хорор во скопски Карпош. Куче - ротфалјер нападна 13 годишно девојче. За среќа девојчето останало живо, но засекогаш ќе ги носи лузните од крволочниот напад.

09.04.2018 17:33:51
Хорор во скопски Карпош. Куче - ротфалјер нападна 13 годишно девојче. За среќа девојчето останало живо, но засекогаш ќе ги носи лузните од крволочниот напад. Ова нема да го заборави ниту нејзиниот татко, кој во обид да ја спаси ќерка си од забите на животното, исто така се здобил со тешки телесни повреди. Трагедијата се случила вчера вечер околу 22.30 часот, во паркот крај улицата во делот преграден за шетање на кучиња. И таткото и девојчето се пренесени во клиничкиот центар каде им е укажана помош, а случајот е пријавен и во полиција. Ротвајлерот како што соопшти МВР бил воден од страна на женско лице. Зошто и како го нападнало девојчето е нејасно. 
Девојчето и нејзиниот татко веднаш биле префрлени во клиничкиот центар. Од таму за Алфа соопштија дека 

- Синојќа, околу 22:00 часот е примена 12 годишна пациентка искасана од куче, и тоа во десната надлактица, десната регија на задникот. Раните се обработени и пациентката е препратена  на клиника за инфективни болести за антирабиес терапија, по што е пуштена на домашно лекување - велат за Алфа од Ургентниот центар.

Околните жители пред камерата на Алфа велат дека се плашат слободно да шетаат заради кучињата. Револтирани велат дали да се чуваат од уличните кучиња кои патем секојдневно напаѓаат, или од несовесни сопственици кои ги шетаат своите миленици без заштитна маска.

Случајот од Карпош е сличен на оној од пред неколку месеци во Ново Лисиче каде ротвајлер нападна и повреди неколку деца и возрасни. И во овој случај стануваше збор за домашен миленик, чиј сопственик не се најде. По гласните реакции во јавноста надлежните соопштија дека кучето било пронајдено и однесено во стационоар. Сепак јавноста не дозна кој бил сопственикот, а се шпекулираше и дека кучето кое било пронајдено не било вистинското. Проблемот со напади од кучиња станаа секојдневие за жителиоте на Скопје. Градските власти најавуваат но никако да најдат ефикасно решение за овој проблем.  Само во март беа пријавени над триесет напади од кучиња скитници. 


Соња Маневска