Македонија

Средба Заев – Ципрас значи дека името е решено

Дали е веќе договорена промената на уставното име на Република Македонија?

08.04.2018 17:41:44
Дали е веќе договорена промената на уставното име на Република Македонија? Во оваа насока упатува последната порака на премиерот Заев во интервју за МИА. Во неа нагласува дека следната средба меѓу него и Ципрас најверојатноќе значи решение на спорот, што Грција го има со нашето уставно име. Оваа негова реченица значи дека или новото име на Македонија е веќе договорено, или процесот е во финале. Кога ќе се видат премиерите НА Македонија и Грција- Заев вели брзо по средбата на шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас.

„Ако слушнат граѓаните дека се закажува средба помеѓу Заев и Ципрас, тоа значи конкретна практична потврда, дека преговорите се во вистинска насока и дека е можно да се дојде до решение.“ вели Заев.

За нас според премиерот тоа ќе значело комплетна гаранција за влез на земјава во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ. Како црвени линии без да прецизира само ги посочува неколку пати досега повторуваните: достоинство и идентитет.

Во меѓувреме премиерот открива дека планот што беше промовиран на почетокот на работата на ова влада е пропаднат. Референцата ФИРОМ ВЕЌЕ не е опција за влез во НАТО.

„Кога беше Генералниот секретар на НАТО Столтенберг овде рече не бива таа работа. И, тоа е чесен пристап. Да знаеме, јас да знам, и граѓаните на Македонија да знаат дека ако не најдеме прашање на решението на проблемот што Грција го има со нашето уставно име, ние покана за членство во НАТО нема да добиеме.“ нагласува Заев.

Во меѓувреме јавноста не знае дали оптимизмот на премиерот е реален, оти не се знаат никакви информации за разговорите меѓу Коѕијас и Димитров. Лидерот на опозицијата пак очекува лидерска средба, после 12 април кога министрите ќе се видат.

„Гледаме некаков т.н. нов оптимизам, којшто премиерот и министерот ги артикулираат за јавноста. Да видиме на што се темели тоа, дали е тоа уште еден неаргументиран оптимизам и блеф или повторно има некаков напредок. Се надевам дека на таа лидерска средба ќе дознаеме повеќе околу деталите“, рече Мицкоски

Инаку Мицкоски е единствениот кој не слушна лично од министерот Димитров после последната средба со грчкиот колега, за деталите од разговорите во Виена. Димитров најде време да му каже на Заев, на шефот на државата Иванов, но не и за Мицкоски. Во меѓувреме замина за Франција.

Дали следната средба со грчкиот колега ќе значи подготвено решение што заедно брзо потоа ќе го читаат Заев и Ципрас?  

Искра Коровешовска

 

Претседателот

Од: Игор Јанев

Време: 11.04.2018 02:20:19

Коментар: Што треба сега Иванов да направи веднаш? Иванов треба да лично прати писмо до 19 држави со који доега немавме дипломатски односи да воспоставаат односи со Македонија под Уставното име. Тоа би бил патриотски чин од Претседателот и со тоа би пресекол предвнички избрзан темпо кој е наметнат од Заев те. Планот брзо да направи компромис. Ако МНР реагира со опструкција и блокада тоа би значело велепреадваство. Иванов по Устав ја води надворешната политика на Македонија. (Друго, Иванов во септеври да поднесe иницијатива до Обединетите нации за признавање на уставното име на Република Македонија преку соодветна резолуција одн. резолуција за продолжување членството под уставното име во ООН)

Плати па клати

Од: Myakedonec ne na Tezga

Време: 09.04.2018 12:26:00

Коментар: Американците не ги интересира како ке се вика Државата, за нив е важно Територијата да биде под нивна Контрола. Силум или милум Планот мора да се реализира. Повејке Сили на Светот, се Гаранција на малите Држави да опстанат. Прво ја налутивме Кина, сега Русија, Господ нека ние на Помош. Вицепремиерот на Македонија ги брани Интересите на Косово и со Безобразлук кажува како Европеец, а ние сите сме родени Европејци на европскиот Континент.

Плати па клати

Од: Myakedonec ne na Tezga

Време: 09.04.2018 12:08:12

Коментар: Јас мислам на Заев и неговиот најтесен Круг ке им се исплати да жртвуваат политичка Кариера. Овој пат ке играат најголемите Понуди во Историјата за Предавство на се Македонско. СТОП ЗА ЗАЕВ И НЕГОВАТА КРИМИНОГЕНА БАНДА, ВО СДС МОРА ДА ИМА БАР НЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ ШТО КЕ ГО ЗАПРЕ ОВА ПРЕДАВСТВО. Ако не сум тој што сум, тогаш кој ке влезе во тие потценувачки Организации. Не случајно е Бонд Стил во Косово и Централата на Калето, опкружено со албанска Пешадија, темелите се веќе поставени и баш тражева Партнер од македонска Страна за реализација на тој План. Сто посто и тие ке го убијат на крајот Заев, за да нема никаков Доказ, таа е Практика на СИА и ке кажат дека русите го направиле тоа. МАКЕДОНЦИ БОРЕТЕ СЕ ЗА ТОА ШТО СТЕ И ШТО СТЕ ДОЛЖНИ НА ВАШИТЕ ПРЕДЦИ И ВАШИТЕ ИДНИ ГЕНЕРАЦИИ, ОВАА КЕ БИДЕ НАЈГОЛЕМАТА БИТКА ЗА МАКЕДОНИЈА. Албанските политички Структури никогаш нема да бидат лојални на македонска Држава, и што да им се даде, тоа е План, што и самите го кажуваат. Стоп Заев, стоп Џафери, стоп Ахмети, стоп Села. МАКЕДОНИЈА ВЕЌНА.

12