Живот и стил

Девет необични закони во светот

Голем број туристи се уште не слушнале за некои необични закони ширум светот.

30.03.2018 12:54:17

 Голем број туристи се уште не слушнале за некои необични закони ширум светот.

1. Забрането тетовирање и селфи со Буда

Ова правило важи во Шри Ланка и доколку се прекрши се плаќа парична казна.

2. Забранети електронски цигари

На Тајланд е забрането користење на електронска цигара, за што следува парична казна.  Доколку некој судија се заинати тогаш може да се добие и затворска казна. Тајланѓаните неодамна забранија и пушење на повеќето плажи.

3. Не носете маскирна облека

Многу карипски држави, како што се Барбадос, Света Луција и Свети Винсент забрануваат носење на маскирна облека, а тоа важи дури и за децата.

4. Не се хранат гулаби во Венеција

Пред хотелот или некаде на друго место, каде можете да се скриете, би можеле да се извлечете доколку храните гулаби. Но тоа е строго забрането на Плоштадот Свети Марко. Таму има премногу гулаби и затоа градските власти го забраниле нивното хранење, со цел луѓето дополнително да не ги привлекуваат.

5. Внимавајте на горивото во Германија

Кога се наоѓате на патиштата низ Германија, внимавајте да имате довлно гориво во резервоарот. Таму со закон е забрането да се остане без гориво, што не е најневообичаена работа, имајќи предвид дека на тој начин се доведувате и себе си и другите во опасност.

6. Не се плука во Барселона

Некултурно однесување со плукање на улица постои речиси насекаде ширум светот. Сепак, градските власти во Барселона одлучиле да реагираат на тој вид некултура, па затоа плукањето е прогласено за непосакувано.

7. Потпетици во Грција

Грција не го забранила носењето потпетици за сите и секаде, туку само за посетителите на важни знаменитости, како што е на пример Акропол. Донесувањето на таа одлука било поттикнато од стравот дека потпетиците можат да ги оштетат историските места и споменици.

8. Внимателно со банкнотите на Тајланд

Доколку во Бангкок случајно ви падне банкнота на под, а притоа не сте виделе и сте згазнале на неа, би можеле веднаш да бидете уапсени ако ве забележи полиција. Во најдобар случај може да бидете само парично казнети, бидејќи тоа претставува навреда за кралот кој се наоѓа на тајландските банкноти. Навреда за кралот во оваа земја се смета за злосторство.

9. Не кажувајте псовки во Обединетите Арапски Емирати

Пцостите, исто како и непристојните гестови, се строго забранети во оваа држава. Прекршителите можат да бидат депортирани или, уште полошо, да завршат в затвор.