Спорт

Стартува продажбата на влезниците за Ф4 турнирот во СЕХА

Љубителите на ракометот од денеска можат да купат влезници за завршниот турнир во СЕХА лигата кој од 13-ти до 15-ти април ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

22.03.2018 12:45:05
Блок влезниците кои се пуштени во продажба за двата натпреварувачи дена се со цена од 200 и 300 денари додека од 2 април ќе стартува и продажбата на билетите за поединечен натпреварувачки ден со цена од 200 денари.

Од ракометниот клуб Вардар потсетуваат дека сезонските билети не важат за Ф4 турнирот во СЕХА.

Нашиот шампион, кој ја брани титулата освоена минатата сезона, на 13-ти се среќава со Брест Мешков на првиот полуфинален дуел, средба закажана за 17 часот и 45 минути, откако денеска регионалната лига ја потврди промената на терминот.