Живот и стил

Аргентинец административно си го сменил полот за порано да оди в пензија

Даночен службеник од Аргентина решил да си го смени полот наведен во личните документи, како што му дозволува законот, за да може да се пензионира на 60 години како жена наместо на 65 како маж, пренесе АФП.

22.03.2018 11:12:31

Сергио Лазаревич (59) во иднина се претставува како Серхија Лазаревич. Се работи за разведен човек во врска помлада жена кој пронашол дупка во законот со кој им се дозволува на травеститите да си го сменат полот во граѓанските документи, без да мора да направат операција.

- Ова е очигледен случај на злоупотреба како на пензискиот систем, така и на законот за полов идентитет, изјави директорот на Службата за граѓански права во провинцијата Салта, Матијас Асенато.