Македонија

И Македонија испрати нацрт- спогодба во Атина

Спорот за името влегува во нова неизвесна фаза. Откако Атина испрати нацрт- спогодба со грчки предлози за името, Скопје возвраќа на ударот. И Македонија испрати нацрт- спогодба во Атина.

20.03.2018 17:22:39
 Спорот за името влегува во нова неизвесна фаза. Откако Атина испрати нацрт- спогодба со грчки предлози за името, Скопје возвраќа на ударот. И Македонија испрати нацрт- спогодба во Атина. По неколку денови молк од Владата, денес Премиерот Заев потврди. Пристигнала нацрт-спогодбата од Грција, но и Македонија испратила  нацрт- договор во Атина. Одби да каже што содржи грчкиот нацрт договор- нашиот пак бил само технички аспекти за структурата на меѓународниот договор.

 -Во нашата нацрт спогодба има повеќе меѓународни формулации на вакви договори, формулации во делот на името, употребата, идентитетските прашања, кодовите. Тие се уште се на маса на преговорите и се празни полиња. Нема ништо ново од последната средба во Виена, нема помрднување на позициите и затоа ништо не може да биде ставено во документ. Важен елемент е меѓународниот договор кој ќе го предложи медијаторот, Метју Нимиц, додека ова се алатки кои можат да бидат од помош. Може воопшто да не бидат составени делови од конечната верзија на договорот, кажа Премиерот.

 Алфа пред два дена објави, повикувајки се на дипломатски извори дека Коѕијас во Скопје ќе пристигне со името ГорнаМакедонија, што наводно им било познато и на македонската Влада. Заев вели дека со грчката страна се уште не било разговарано за која географска одредница станува збор. 

- Можам да кажам дека немаме зборувано за која точна географска одредница се работи, други моменти од спогодбата се поважни. Немаме разговарано за конкретно име ниту од наша ниту од нивна страна,кажа Заев.
 
 Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, на 22 и 23 март доаѓа во официјална посета на Македонија. Грчката делегација ќе пристигне на преименуваниот Меѓународниот аеродром Скопје што за премиерот  бил важен чекор во градењето доверба со Грција

 Коѕијас прв пат после 12 години ќе слета на преименуваниот Аеродром. Со него ќе пристигнат и околу 10 претставници на грчките медиуми.

 По средбата во Скопје, министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас ќе имаат средба и со медијаторот Нимиц во Виена на 30 март.

Лепа Џундева 

 

Непознавање

Од: МНР

Време: 21.03.2018 04:09:45

Коментар: Димитров да научи разлика меѓу Држава и Рерион или провинција Димитров: ,,Не може Македонија да биде само Грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша, бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави”. Ќе промениме име за да се РАЗЛИКВАМЕ од Грчкиот Регион! 1). Република Македонија се однесува на правно и политички дефинирана територија, која е различна од регионот Македонија кој не е меѓународнo правен субејкт. 2). Република Македонија е име на меѓународнo правен субјект со јасно дефинирани граници. 3). Во 1992 година Република Македонија аплицирала за членство во ООН како држава со јасно дефинирана територија. Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција), туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија. Државното име нема никаква правна релација со историјата, бидејки менување државни имиња не влиае врз историјската интерпретацијата, исто како ни врз територијалните права и обврски на своја или другите држави. Ниту една држава нема монопол на толкувањето на историјските движења. (Тоа е, мегу друго, јасно и од гледна точка дека секој може произволно да земе кој било период од историјата и да дава своето толкување. Историчарите направееа голема штета за проблемот со името што се обиделе да поврзат историјата со името (тие се категоријално различни сфери).

Narodna Republika Makedonija

Од: Borce

Време: 20.03.2018 20:26:19

Коментар: Deneska procitav deka monisterot na sosednata juzna zemja (GRCIJA) gosp. Kamenos izjavuva : ne sakame ni severna , ni juzna , ni istocna , ni zapadna Makedonija ! Eve eden predlog so kogo ke go *zadovolime * gospodinot minister : Nie sakame da se vikame i toa erga omnes , demek za site , NARODNA REPUBLIKA MAKEDONIJA ! Srdecni pozdravi , Borce