Здравје

Берзите разочарани од бизнис планот на маркетинг агенцијата Публицис

Француската маркетинг агенција Публицис забележа пад на вредноста на акциите од три проценти, откако го претстави својот нов бизнис план.

20.03.2018 16:11:52

Француската маркетинг агенција Публицис забележа пад на вредноста на акциите од три проценти, откако го претстави својот нов бизнис план.

Публицис, која е една од најголемите маркетинг агенции во светот, соопшти дека ќе се промовира повеќе како консултантски партнер на другите маркетинг агенции. Според планот, заработувачката на компанијата треба да порасне за 4 проценти во 2020 година, во голема мерка благодарение на работата на одделението за дигитален маркетинг Публицис.Сапиент.

Реакцијата на европските берзи по претставувањето на планот беше разочарувачка. Трговците со акции проценија дека планот на Публицис не е доволен за оваа агенција успешно да се носи со Гугл и Фејсбук, кои доминираат во областа на дигиталниот маркетинг. дополнителен удар за вредноста на акциите на Публицис дојде по најавата на Европската унија за воведување на данок од три проценти за поголемите дигитални компании.