Здравје

Што се случва со масните клетки кога губиме килограми?

Обично се верува дека кога губиме тежина, масните ткива се претвораат во енергија. Меѓутоа, научниците од Универзитетот на Нов Јужен Велс имаат сосем поинакви сознанија.

19.03.2018 11:10:37

Обично се верува дека кога губиме тежина, масните ткива се претвораат во енергија. Меѓутоа, научниците од Универзитетот на Нов Јужен Велс имаат сосем поинакви сознанија.

Според нивните истражувања, масните ткива се претвораат во јаглерод-диоксид и вода, кои се исфрлаат од организмот преку дишење и преку урината.

- При губење на 10 килограми, 8,4 од нив се ослободуваат преку белите дробови, а останатите 1,6 преоѓаат во вода. Јаглерод-диоксидот го издишувате, а водата ја исфрлате од телото како пот и урина. Единствен начин свесно да ја зголемите количината на јаглерод-диоксид е да ги активирате мускулите. Пешачењето и трчање се вистинскиот избор, објаснува професорот Ендрју Браун.