Спорт

ФИФА ја потврди употребата на ВАР системот на СП

Светската фудбалска асоцијација потврди дека за натпреварите на Светскиот шампионат во Русија ќе се користи ВАР системот.

17.03.2018 18:52:26
Целта на воведувањето на видео технологија на Мундијалот според челниците на ФИФА е одржување на чекор со времето како и олеснување на работата на арбитрите.

ВАР од оваа сезона се користи во Германија и Италија како и на натпреварите во англиските купови.