Свет
Кина е против американскиот закон за официјални контакти меѓу САД и Тајван
Кинеското Министерство за надворешни работи изрази „категоричен став“ против потпишаниот закон од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, со кој се дозволуваат американско-тајвански контакти на официјално ниво.
Кинеското Министерство за надворешни работи изрази „категоричен став“
против потпишаниот закон од страна на американскиот претседател Доналд
Трамп, со кој се дозволуваат американско-тајвански контакти на
официјално ниво.
Кина ги повикува САД да се однесуваат
внимателно кон прашањата за Тајван и да не дозволат огромни нарушувања
на кинеско-американските односи, како и за мирот и стабилноста во
реонот на Тајванскиот проток, се наведува во соопштението на
Министерството.
Пекинг го смета самоуправувачкиот и
демократски Тајван како непокорна провинција, која нема право да
воспоставува меѓудржавни односи.