Економија

Јовевски: невработеноста ќе достигне драстичен раст

Падот на невработеноста од 22.1% на 21.9 отсто е симболичен. Според експертите, се уште се чувствуваат ефектите од раздвижувањето на економијата претходните години, но тие ќе траат уште кратко. Ако во наредниот период Владата сака да се задржат позит

14.03.2018 17:59:46
 Падот на невработеноста од 22.1% на 21.9 отсто е симболичен. Според експертите, се уште се чувствуваат ефектите од раздвижувањето на економијата претходните години, но тие ќе траат уште кратко. Ако во наредниот период Владата сака да се задржат позитивните трендови за пад на невработеноста и раст на вработеноста треба да преземе низа мерки за да го стимулира приватниот сектор да отвора нови работни места.

Не е доволно само да се отвораат нови работни места, туку работниците треба да добијат и достоинствени плати. Аналитичарите велат дека скокот на минималната плата на 12 илјади денари требало да предизвика домино ефект на раст на платите кој не се случил. Според нив, само зголемувањето на производството може да придонесе за раст на платите на работниците.

Аналитичарите сметаат дека стагнацијата на економијата минатата година спречи поголем пад на невработеноста. Според нив, ако се оствареа првите очекувања за пораст од 3% во 2017-та сега ќе се зборуваше за стапки на невработеност под 20 отсто. Во моментов, најголема невработеност од 46% има кај младите до 24 години,  една петина од луѓето на возраст од 25 до 49 години се без работа, додека стапката на невработеност кај оние од 50 до 64 години изнесува 18 отсто. 

Тања Попова