Македонија

Коѕијас во Скопје идната недела - потврди Владата

Никос Коѕијас следната недела ќе пристигне во Скопје, oд Владата ја потврдуваат информацијата и велат дека посетата на шефот на грчката дипломатија била уште еден чекор напред кон конечно решавање на деценискиот спор за името.

14.03.2018 18:25:54
 Никос Коѕијас следната недела ќе пристигне во Скопје, oд Владата ја потврдуваат информацијата и велат дека посетата на шефот на грчката дипломатија била уште еден чекор напред кон конечно решавање на деценискиот спор за името. 

Во меѓувреме дали вчерашната изјава на премиерот беше отворена покана за САД директно да се вклучат во решавање на проблемот и да бидат гаранција дека решението ќе биде трајно, од Владата коментираат  дека засега не сме биле дојдени до таква фаза. 

Секое решение во моментот оди преку медијаторот Метју Нимиц. Многу е важно договорот којшто ќе го постигнеме ќе биде заемен компромис и достоинствено решение. Се во моментот оди преку Метју Нимиц, се уште не сме дојдени во некоја фаза за којашто споменуваш. Посетата најавена наредната недела на Коѕијас е уште ден чекор во приближување кон конечно решение на проблемот. 

Ставрос Теодоракис, лидер на грчката партија Река денес по средбата со премиерот Ципрас изјавува и дека Владата по Велигден ќе донесела предлози во грчкиот парламент за Скопје. 

Инсистираме на решение што ќе го затвори нерешеното прашање со нашите соседи, решение за сложено име, што ќе се користи внатрешно, надворешно, дипломатски, на сите нивоа, еден збор за соседната земја и секако конкретни обврски врз основа на меѓународните договори за бришење на иредентизмот од учебниците и ако постои и од Уставот. Ќе треба нашите соседи да сфатат дека ќе треба да свртат страница, да го едуцираат нивниот народ на логичен соживот, пријателство и добрососедство со Грците.

Во последниот период грчката опозиција пак е со жестоки критики и изјави упатени и до грчкиот и до македонскиот државен врв. Прво жестоко му замерија на Ципрас дека не обезбедил ни минимум услови за да има заемно прифатливо решение со Скопје. Сега повторно нападна но овој пат за изјавата на македонскиот шеф на дипломатијата Димитров дека во 21 век, две европски држави што го споделуваат географскиот регион Македонија, треба да најдат начин за споделување и на културни наследства.

Немаме што да споделиме од културното наследство на Александар Велики. Бидејќи ја прочитав изјавата на Димитров дека треба да го споделуваме културниот идентитет, немаме ништо да споделиме. Александар Велики беше Грк. Нема сомнеж за тоа и нема да влеземе во дискусија или преговори за ова прашање. Тоа е основен дел од националниот идентитет. Не постои компромис за ова прашање.

Ставовите на Грција се повеќе од јасни - промена на Уставот и име ерга омнес за решение на деценискиот спор. Веќе некое време официјална Атина испраќа пораки до Скопје дека нема поместување од црвените линии, ни од ставот за промена на македонскиот Устав. Сега и Коѕијас  по 12 години ќе слета на преименуваниот аеродром во Скопје со нацрт спогодбата која ќе ја стави на маса пред македонскиот државен врв. 

 

КРАЈ на преговорите за Името

Од: Игор Јанев

Време: 14.03.2018 17:10:57

Коментар: Веднаш да се стави КРАЈ на срамните преговори за името! Постоји решение со признавањето на Република на Македонија во Генералното собрание на ООН! Не признаваат 134 држави членки на ООН! Со 19 држави засега немаме дипломатски односи, а кога и со нив ке ги воспоставиме ке имаме над 150 држави во ООН кои не признаваат под уставното име. Нема потреба од компромис! Треба само да го продолжиме членството во ОН преку Генералното собрание на ООН со уставното име Република Македонија! Со излегување од рамката на рез. 817, и од рамката на Времената Спогодба, Грција веќе изврши дерогирање на овие документи. Целата правна меѓународна правна наука покажа дека Постоји решение со признавањето на Република на Македонија во Генералното собрание на ООН!