Живот и стил

Колку чини вечера со пиво во Лас Вегас?

Вечера во ресторанот Омниа во Цезар Палатата во Лас Вегас чини 2.500 евра, а пиво во еден просечен ноќен клуб - дури девет долари.

14.03.2018 14:34:45

Вечера во ресторанот Омниа во Цезар Палатата во Лас Вегас чини 2.500 евра, а пиво во еден просечен ноќен клуб - дури девет долари.

Порталот Казино направи ценовник за најголемите казина и клубови во овој град. Така, туристите можат подробно да го испланираат својот престој во хотелите како Белаџио и Мандалај Беј.

Една ноќ во клубоу Мираж ќе ве чини 200 долари. Малку поевтин е Џеј`с Најт клаб, каде би потрошиле во просек 184 долари, или пак Тако Најт клаб - 114 долари. Цените важат за четири лица и вклучуваат една тура пиво.

Најевтиното пиво ќе го најдете во Мандалај Беј - за „само“ седум долари.

- Вегас е прилично скап град, па сакавме да им помогнеме на туристите да си поминат убаво, и да заштедат што е можно повеќе. Излегувањето во најдобрите клубови во градот никогаш нема да биде евтино, а токму во соработка со тие клубови, цените сега може да се видат на нашата интернет страница, изјави уредникот на порталот, Дејвид Шелдон.

Лас Вегас лани го посетиле 37 милиони туристи.