Балкан

Невреме и град го погодија Сплит

Невреме, пропратено со дожд и град го погоди Сплит и за само неколку минути го „потопи“ што предизвика големи проблеми во сообраќајот.

14.03.2018 12:48:34

Невреме, пропратено со дожд и град го погоди Сплит и за само неколку минути го „потопи“ што предизвика големи проблеми во сообраќајот.

Градот паѓал неколку минути, по што се станало бело како да паѓал снег.

Во Сплит паднале 27 литри по квадратен метар, а малку помалку и во многу околни општини и градови.

Многу возила кои во тој момент се нашле на пат, запреле и чекале градот да помине, јавија хрватските медиуми.

Поради невремето, пожарникарите синоќа имале многу работа.