Македонија

Пороен дожд со грмежи во сабота, од недела опаѓање на температурите

Нестабилно време со поројни врнежи од дожд проследени со грмежи се очекува во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта.

14.03.2018 12:21:29

Нестабилно време со поројни врнежи од дожд проследени со грмежи се очекува во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта. Преку ден ќе дува јужен ветер кој ќе предизвика значително повисоки дневни температури кои ќе достигнат дури до 25-тиот степен.

Локално се очекуваат поинтензивни процеси, а врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови кога температурите ќе бидат во опаѓање. 

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат локален дожд и ретки грмежи за денеска попладне, а краткотраен дожд ќе има и во Скопската котлина.