Балкан

Ердоган апелира за зголемување на наталитетот во Северен Кипар

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побара зголемување на населението во Северен Кипар.

14.03.2018 10:58:12

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побара зголемување на населението во Северен Кипар.

Ердоган на средбата во Анкара со премиерот на севернокипарскиот премиер Туфан Ерхјурман и неговиот заменик Кудрет Јозерсај, апелирал за зголемување на наталитетот кај кипарските Турци со цел да се изедначи економијата на Северен Кипар со економијата на кипарските Грци.

- Обезбедувањето баланс со југот (Кипар) ќе биде од корист на кипарските Турци, посочи Ердоган. 

Тој упати порака и до кипарските Грци, наведувајќи оти треба да го почекаат решението за етнички поделениот остров или да ги вклучат кипарските Турци во своите енергетски планови.