Македонија

Мицкоски: Законот за јазици ќе влијае врз соживотот на граѓаните

Токму денот кога отпочна воениот конфлит во Тетово, а тоа е утрешниот ден на парламентарна седница се става на дневен ред овој противуставен неприменлив закон за употреба на јазиците.

14.03.2018 10:52:44

Токму денот кога отпочна воениот конфлит во Тетово, а тоа е утрешниот ден на парламентарна седница се става на дневен ред овој противуставен неприменлив закон за употреба на јазиците. Апелиравме од Струмица за разум, да имаме чувство бидејќи во оваа држава имаме повеќе етнички заедници да имаме соживот, да се почитуваат комшиите но некој друг има поинаква цел.

Имаме една генерална слика која е навистина спротивна на сето она што се ветуваше со таканаречената програма „За Живот“ во Република Македонија. Имаме случувања кои што комплетно се ретроградни. Имаме страв, имаме терор. Во Скопје имаме убиства, пљачки, криминал кој секој втор ден остануваат неразјаснети. Имаме полицајци кои се правдаат дека случајно се повредиле удирајќи се од пајак. Ова е понижување не само на фелата туку на целокупната нација.

Имаме катастрофална ситуација на други планови. На пензионерите им беа ветувани брда и долини кои за жал и тоа што им следи по закон не успеваат да го добијат.

Имам информација дека се доцни со исплата на судиите. Пред да ја превземат Владата самите во неколку наврати вклучувајќи и го Зоран Заев кажуваа дека се апсолутно свесни за ситуацијата во која што се наоѓа државата.

Имаме економија во која имаме раст од 0%, единствена таква е во Европа нема втора таква економија. Економија каде што не можеме да ги исполниме елементарните проекции и покрај тоа што имаме власт која што го имаше целиот буџет на располагање да може да ја истера 2017-тата барем на половина од она што од претходната Влада беше проектирано. До ноември месец не убедуваа дека ќе ја исполнат таа цел, но за жал не успеаа и направија утка од некои 150 милиони евра, а и како што гледаме сега никој сеуште не носи никаква одговорност.

Навистина сум разочаран од она што денес е реалност во Република Македонија. Ние мораме самите нешто да направиме. Ако ние самите не направиме нешто не можеме да очекуваме некој друг да си ја земе работата во свои раце и да го направи тоа за нас.

За тоа да го направиме мораме да имаме јасен план, јасна стратегија и програма и да се обврземе пред граѓаните во Република Македонија да тоа што ќе го ветиме следи потешкиот дел, а тоа е како тоа да го оствариме.

 

NE ZNAM KAKO DA VI SE OBRATAM.!

Од: PATRIOTA MK

Време: 14.03.2018 17:22:10

Коментар: Slushaite Gine. Mickoski; Mi se chini Vie znaite shto praite.! Samo nemie jasno ; dali Go povikafte,,Megjunarodniot Kriminalni sudski zakon-da se ispravi,so uchestvo na stranskata Medija,Samo da vidi i Proveri shto se raboti so Regularnite Makedonski Zakoni,,isto taka Tie znaat dali glasanjata se odrzuvaat po zakonot ili Silegiski.? A Mi se chini-Mirisat kako trebat da pochnat Petardi ,Flashi bezinski,pa mozda i Pogolemi sretstva da letaat po ulicite-pret Skupshtinata-zoshto-Drzava nese chuva so goli race i bez kapka KRF.. Tie si pravaat shto sakaat-A Nie; Kako da nemame pantoli.!