Економија

500 дена без повреден рудар во рудникот за олово и цинк „Саса“

Новото раководство на САСА –компанијата Централ Азија Металс од Лондон најави инвестиција во вредност од над 1 милион евра.

13.03.2018 19:03:13
 Рудникот за олово и цинк САСА рекордер во денови без повреда на работа. Во изминатите 500 дена ,односно во изминатата година и пол не е регистриран ниту еден несреќен случај, што преставува и најдолг временски период во оваа индустрија во земјава. Ова се должи на преземаните мерки за заштита, како и почитување на процедурите, изјави генералниот директор на САСА Нил Стивенсон.

Новото раководство на САСА –компанијата Централ Азија Металс од Лондон најави инвестиција во вредност од над 1 милион евра. Ќе се инсталира  нов млин со кој ќе се зголеми ефикасноста и сигурноста во извлекување на цинковиот концентрат од рудата која се ископува во САСА.
 
Прашан за утрешниот штрајк и блокирањето на патниот правец до рудникот САСА, Стивенсон дециден дека за нив Мултиетничкиот синдикат за образование не е легитимен. 

Рудникот САСА има потпишано колективен договор со Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството со кого работеле и на безбедноста, како и за зголемување на платите на вработените.


Александра Ристевска