Свет

Руско МНР: Британските закани во врска со труењето на поранешниот шпион нема да останат без одговор

Заканите од Велика Британија за санкции кон Русија поради труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, нема да останат без одговор, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

13.03.2018 16:48:25

Заканите од Велика Британија за санкции кон Русија поради труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипал, нема да останат без одговор, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

– Какви било закани за санкции кон Русија нема да останат без одговор. Британската страна треба да го разбере тоа, нагласува Министерството.

Според нив, тврдењата дека Русија е вмешана, се лажни и „тоа е провокација“.

- Русија нема да одговори на ултиматумот на Британија, се додека не добие анализи од хемиската супстанца користена при труењето на Скрипал и додека Лондон не почне да дејствува во согласност со обврските од Конвенцијата за забрана на хемиско оружје со која е предвидено заедничка истрага на такви случаи, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.