Македонија

Мичел: Вклучувањето на САД во спорот за името мора да е во согласност со американските начела и тајминзи

Вклучувањето на САД во процесот на решавање на спорот за името мора да е во согласност со американските тајминзи и начела, беше јасен денеска наследникот на Викторија Нуланд, Вес Мичел, по функција помошник државен секретар за европски прашања.

13.03.2018 17:34:25
Вклучувањето на САД во процесот на решавање на спорот за името мора да е во согласност со американските тајминзи и начела, беше јасен денеска наследникот на Викторија Нуланд, Вес Мичел, по функција помошник државен секретар за европски прашања на Стејт Департмент. Без да прецизира што мисли во врска со грчките црвени линии и притисокот за промена на македонскиот Устав, Мичел само нагласи дека Македонија направила многу во насока на решавање на спорот, и рече дека неговата земја останува стратешки партнер за македонските евроатлански аспирации. Не кажа конкретно дали до самитот на НАТО Македонија ќе биде новата членка, но потенцираше дека вратите се отворени, датумите немаат значење.

- САД веќе извесно време се вклучени и ќе продолжиме да бидеме вклучени во овој процес. Мислам дека треба да научиме од претходното искуство дека треба да го искористиме времето и расположението во вистински околности. Ве уверувам дека имаме активен интерес, стратегиски и политички за сите принципиелни прашања на Балканот во однос на НАТО и ЕУ перспективите. Можете да видите силна определба на САД, лично и целата администрација да им помагаме на двете страни, порача Мичел.

Заев пак признава дека процесот на преговори е тажен и мачен, и дека поддршка од пријател е добредојдена. Ја заобиколи содржината на спогодбата што се очекува да ја донесе Коѕијас.

-Прашањето трае 25 години, тоа е тешко, чувствително и мачно и кога е така, убаво е да ги повикате пријателите. Секој пријател кој може да помогне, вклучително и Грција, бидејќи и Грција е пријател на Македонија, е од помош, а посебно стратешките пријатели како што се САД. Ние со Бугарија билатерално го решивме прашањето и продолжуваме билатерално. Дај Боже да можеме на нашите стратешки парнери да можеме да им соопштиме дека е најдено прифатливо решение за двете страни со зачувување на достоинството и дигнитетот на двете страни, рече Заев.

Ова е прва посета на Мичел на Балканот. Како наследник на Нулад доаѓа во септември. Доктор е на науки, експерт за безбедносни и геостратешки прашања, има објавено дела за кризата на американската моќ, а познат е по своите тврди ставови за Русија. 

Искра Коровешовска

 

Borete se

Од: Razbudete se

Време: 14.03.2018 03:30:54

Коментар: Dali piete nafta gospodine Zaev vie nemate prijateli nitu grcija nitu srbija nitu bugarija niti pak albanija a kamoli amerika ...ke te posetam doma i na vratata ke go napisam moeto ime mozeli go nema nikade vo svetot ako moeto ime e petra da nekoj me forsira da go promena ..Ne samo dobrovolno a zasto sakate da bidete vo nato i evropskata zaednica koi ne ke postojat za 10 godini

Битка за Името

Од: Игор Јанев

Време: 14.03.2018 00:10:55

Коментар: Нека САД не подржат во ООН да го воспоставиме уставното име во ООН. Нека не прават пречки во Советот за безбедност, а ние сами со Турција ке одработиме во Генералното собрание на ОН.