Македонија

Џафери за утре ја закажа седницата за законот за двојазичност, ќе го донесат ли насила и овој неуставен закон?

Спикерот Џафери во нов обид да го собере парламентарното мнозинство и да го изгласаат контроверзниот Закон за употреба на јазиците.

13.03.2018 17:42:31
Спикерот Џафери во нов обид да го собере парламентарното мнозинство и да го изгласаат контроверзниот Закон за употреба на јазиците. Без да се прецизира како ќе се расправа по 35-те илјади амандмани на опозицијата, премиерот Заев вчера оптимистички најави дека до крајот на неделава Законот ќе биде изгласан, иако е невозможно за толку кратко време да се одлучува по илјадниците амандмани. Според екс пратеничката Солза Грчева ваквото однесување на премиерот Заев укажува на грбо мешање на извршната во законодавната власт. 

За Заев девет месеци траела дебата околу Законот, тоа било доволно време сите да кажат што имаат, ама за било каква јавна дебата не слушнавме. Токму експертската јавност гласно апелираше да се слушне нивното мислење и да се разгледаат негативните импликации кои ги носи ова решение. Познавачите на оваа тематика категорични дека за вакви закони неопходна соодветна анализа која со овој закон изостана во секој сегмент. Велат ова е лош Закон во лошо време со лоши последици за вистинските проблеми на двете најголеми етнички заедници. 

Џафери минатата недела не успеа да ги собере пратениците, па остави рок од седум дена партиите да се договорат. Ама договор нема. Законот направи раздор и кај коалициските партнери, па ДУИ се закануваше дека ако не се донесе тоа ќе ја чини коалицијата. Од друга страна пак ВМРО-ДПМНЕ воопшто не размислува да ги повлече амандманите за како што велат неуставниот закон и бараат нивно разгледување и поединечно гласање.  

Ивана Соколовиќ Најдова  
 

Битка за Држава

Од: Игор Јанев

Време: 14.03.2018 01:27:22

Коментар: Донесување на овој закон е ДРЖАВЕН УДАР! МОРА ДА СЕ СПРЕЧИ!

bruka

Од: toni

Време: 13.03.2018 21:06:27

Коментар: Македонци, свестете се ако Ве има..Ако ова се случи, ни отиде државата