Македонија

Неколку тонска карпа падна кај Градско, град со големина на орев паѓаше во Куманово

Дождовите и наглото топење на снегот и понатаму претставуваат опасност за поплави.

13.03.2018 17:12:16
 Дождовите и наглото топење на снегот и понатаму претставуваат опасност за поплави. Граганите се уште исплашени, особено по поплавите во село Јагуновце каде пред неколку дена беа поплавени улици,ниви и подруми од куќи.

Според денешните хидролошки мерења, двојно зголемени се водостоите на Сатеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод и Вардар кај Зајчев Рид во однос на просекот за март.

Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија, како и Пчиња кај Катлановска Бања бележат одредени покачувања, Брегалница и Крива Река не отстапуваат значително, додека Црна Река кај Новаци е под просекот.

Дождовите не прикинуваат, вчера пороен дожд и град го зафати Куманово. Невремето беше проследено со силни електрични празнења и грмежи, а град со големина на лешник врнеше во поширокото централно градско подрачје.
Од регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека големи количини вода се слеваат на булеварот „Октомвриска револуција“. Информацијата ја потврдија и одговорните од ЈП „Водовод“ чии екипи се на терен.

Поради обилните врнежи што го зафатија велешкиот регион, голем одрон од карпа падна на патот и железничката пруга од Велес кон Градско, кај местото викано Долни Дуќани.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, од 08.30 часот утрово комплетно е блокиран стариот пат Велес – Градско и пругата Скопје – Гевгелија, во близина на вливот на река Тополка во Вардар.
Наделжните велат дека се работи на отстранување на карпата, која, за среќа, не предизвика човечки жртви.
Покрај одроните од карпи, поројните дождови и топењето на снеговите се причина и за свчечишта. Пред неколку дена огромно свлечиште беше региститрано во Маврово и Ростуше во селото Жировноца. Освен земја, камен и дрвја, според претседателот на Советот на општината Алил Алили, свлечиштето откорнало и една бандера за преснос на електрична енергија, која паднала врз куќа, но за среќа предизвикана е само помала материјална штета.

Од УХМР информираат дека наредните денови не очекува суво и стабилно време. 

Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок, а особено за време на викендот, кога ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи.



Mери Ѓорѓиевска