Спорт

Иниеста подготвен за дуелот со Челзи

Во пресрет на реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите, тренерот на Барселона ќе може да смета на капитенот.

12.03.2018 20:49:25

Андрес Иниеста, се врати на тренинзите со тимот со тоа најавувајќи го и својот настап на средбата со Челзи на реванш осмина финалниот дуел во Лигата на шампиони.

Иниеста ја истегна тетивата на десната нога на средбата со Атлетико Мадрид, а според шпанските медиуми тој истата комплетно ја санирал со што ќе му помогне на тимот на дуелот со англискиот состав кој на Камп Ноу, во среда, ќе допатува со резултат 1:1.