Спорт

Владата го суспендираше фудбалското првенство во Грција

По серијата инциденти во фудбалскиот шампионат владата на Грција реши да го прекине натпреварувањето.

12.03.2018 20:46:30

Грчката влада го суспендираше фудбалското првенство на неопределено време по инцидентот во Солун кога сопственикот на ПАОК, Иван Савидис, се одлучи правдата на дуелот со АЕК да ја бара излегувајќи вооружен на терен откако судијата поништи гол за домаќинот во 90-тата минута од средбата.

Дополнително грчката полиција издаде налог за апсење на Савидис како и четворица од неговото обезбедување.