Спорт

Вардар ја затвора СЕХА сезоната со Нексе

Бранителот на трофејот Вардар утре го пречекува Нексе и за Вардар ова ќе биде последниот настап во лигашкиот дел од регионалното натпреварување.

12.03.2018 20:42:24

"Имаме мотивација да ја завршиме сезоната со победа. Фаворити сме, но мора тоа да го потврдиме на терен. Нексе е квалитетна екипа која во минатото знаела да ги изненади фаворити. Ние во пресрет на овој меч мора да ја поправиме одбраната, која во последниот период не е на очекуваното ниво", изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалез.

Натпреварот се игра во СЦ Јане Сандански и почнува во 17 часот и 45 минути.