Спорт

Пенезиќ меѓу трите ѕвезди, Суслина и Лакрабер во изборот на најатрактивни потези

По последното коло во главната рунда три наши ракометарки се најдоа во изборот на најдобрите.

12.03.2018 20:39:10

Андреа Пенезиќ на дуелот против Будуќност постигна 10 погодоци и се најде меѓу трите ѕвезди на оваа рунда.

Ина Суслина блескаше на голот на Вардар, а една од нејзините одбрани е прогласена за петта најатрактивна интервенција додека шраубата на Александра Лакрабер се најде на третата позиција во изборот на најубави погодоци.

Пенезиќ и натаму високо котира на листата на најдобри стрелци во елитното натпреварување. Во пресрет на завршните натпревари таа е на петтата позиција со 75 гола.

Лакрабер со 45 погодоци е на 19-тото место, а меѓу педесетте најефикасни се наоѓаат уште Драгана Цвијиќ, Андреа Лекиќ,  Јованка Радичевиќ и Полина Кузњецова.