Спорт

Вардар со победа ја заврши главната рунда следен противник Митјиланд

Ракометарките на Вардар со триумф го завршија настапот во главната рунда и го потврдија првото место во групата во оваа фаза од елитното натпреварување.

12.03.2018 20:36:28

Дамите во "црвено црно" до овој момент забележаа само еден пораз и по главната рунда се единствената екипа која загубила само еден натпревар и сосема оправдано се вбројуваат меѓу главните фаворити за трофејот.

Последна пречка пред нов, петти по ред пласман на завршниот турнир во Будимпешта е данскиот Митјиланд и за соочувањето со добро познатиот противник нашите ракометарите имаат период за подготовка од три недели.

Првиот дуел се игра во Данска меѓу 6 и 8 следниот месец, а реваншот е за седум дена во Скопје.