Спорт

ЛА Лејкерс го совлада Кливленд, Индијана славеше во Бостон

Во НБА лигата одиграни се осум натпревари.

12.03.2018 20:34:14

Лос Анџелес Лејкерс го совлада Кливленд со 127:113 и на противникот му го нанесе вториот последователен пораз. Џулиус Рендал мечот го заврши со 36 поени, 14 скока и седум асистенции, Брук Лопез имаше 22 поени и осум освоени топки додека Ајзеа Томас впиша 20 поени и девет додавања. Во поразениот тим ЛеБрон Џејмс имаше учинок од 254 поени, 10 скока и седум асистенции, а Лери Ненс додаде 16 поени и осум скока.

Индијана славеше против Бостон со 99:97 и ја забележа втората победа во низа. Виктор Оладипо беше стрелец на 27 поени, Мајлс Тарнер додаде 19 поени и 10 освоени топки, а Богдан Богдановиќ постигна 14 поени. На спротивната страна Маркус Смарт забележа 20 поени, седум скока и осум додавања, а Џејсон Тејтум постигма 19 поени.

Во останатите натпревари:

Далас - Хјустон  82:105

Бруклин - Филаделфија  97:120

Атланта - Чикаго  122:129

Минесота - Голеден Стејт  109:103

Њу Орлеанд - Јута  99:116 и

Денвер - Сакраменто  130:104