Македонија

Македонија се откажа од црвените линии за спорот за името?!

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ја ублажи својата позиција во преговорите со атина која ја постави за време на посетата на Нимиц на Скопје.

12.03.2018 17:41:23
Министерот за надворешни работи никола Димитров ја ублажи својата позиција во преговорите со Атина која ја постави за време на посетата на Нимиц на Скопје. Тогаш тој рече дека  ако се разговара за идентитетот ќе нема решение за името, а сега  вели дека Македонија и Грција не треба да имаат црвени линии во спорот за името. Шефот на дипломатијата Димитров не ги коментира позициите на грчкиот колега Коѕиас, премиерот Ципрас и претседателот Павлопулос кои не запираат со своите дебели црвени лини за непостоење на Македонска нација и јазик но од неговта изјава не е јасно дали таа е наменета за Грција или за домашната јавност. 

- „Ако повторуваме позиции јавно, тие стануваат црвени линии, а со црвени линии не се оди на состанок со другата страна. Иако и јас имам желба да се отворам сосема, ќе биде грешка, и во таа стапица не би требало да влегуваме“, изјави шефот на дипломатијата, Димитров.

Според изјавите на Димитров за македонската страна сега главен проблем не се екстремните барања на Грција туку краткиот период до летните самити на ЕУ и НАТО во јуни и јули.  И покрај тоа што од Атина има јасни пораки што е во игра, Димитров за време на средбата со полскиот колега изјави дека целта е да се постигне достоинствен компромис со соседот преку  дистинкција меѓу државата и регионот Македонија, без да се чепнат идентитетските прашање.

Шефот на дипломатијата на Полска која што ја признава Македонија под уставно име ги пофали домаќините за договорот со Бугарија, промената на имињата на аеродромот и на автопатот. И полскиот гостин е загрижен за опасноста по Македонскиот идентитет. 

- „Заедно со другите земји од ЕУ ќе придонесуваме за зближувањето, ќе видиме како ќе се одвиваат тие разговори. Одредени очекувања поврзани со зачувување на државниот идентитет се многу важни и треба да бидат земени в предвид“, рече полскиот министер за надворешни, Чапутович.

Шефот на дипломатијата кој во последниве триестина дена не беше многу активен во јавноста сѐ уште ја нема добиено нацрт- спогодбата од грчкиот колега Коѕијас, кој се уште не кажува кога точно  ќе дојде во Скопје со документот  од 20 страници кој засега е познат само на грчкиот државен врв.


Горан Момироски

 

Разлика на името на регонот

Од: Игор Јанев

Време: 12.03.2018 21:12:43

Коментар: НИКОЛА ДИМИТРОВ да научи да прави разлика помеѓу региoн и држава Димитров: ,,Не може Македонија да биде само Грчка, бидејќи не е, и не може Македонија да биде само наша, бидејќи не е, географскиот регион е голем и има три држави” 1). Република Македонија се однесува на правно и политички дефинирана територија, која е различна од регионот Македонија кој не е меѓународнo правен субејкт. 2). Република Македонија е име на меѓународнo правен субјект со јасно дефинирани граници. 3). Во 1992 година Република Македонија аплицирала за членство во ООН како држава со јасно дефинирана територија. 4). Суверенитетот на Република Македонија се однесува не само на правно дефинирана територија (територијална јурисдикција) туку и на народот односно граѓаните кои живеат на таа територија и се под јурисдикција на државата Република Македонија.