Црна хроника

39 годишен моторџија загина на патот Штип - Кочани

Регионалниот пат Штип - Кочани зеде уште една жртва.

12.03.2018 14:49:29
 Регионалниот пат Штип - Кочани зеде уште една жртва. Во сообраќајка помеѓу два мотицикли и автомобил животот го загуби 39 годишен маж од Свети Николе, а возачот и сопатникот на другиот мотоцикал со бугарски регистарсчки таблички се здобиле со телесни повреди. Несреќата се случила вчера пет минути пред 17 часот во близина на индустриската зона во Штип.

Од јануари до сега низ источниот дел од државата животот го загубиле три лица,  додека минатата година во сообраќајни несреќи загинале триесет лица.



Александра Ристевска