Живот и стил

Милионер си го истетовира сопствениот лик на грбот

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки на грбот си го истетовира својот лик и на Фејсбук се пофали со новата тетоважа.

11.03.2018 12:47:44

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки на грбот си го истетовира својот лик и на Фејсбук се пофали со новата тетоважа.

Педесетгодишниот милионер инаку е многу активен на социјалните мрежи и воглавно се појавува во гаќички за капење или во многу кратки панталони.

Тој минатата година имаше финансиски проблеми, бидејќи банка поради долг од 10,5 милиони евра му ги заплени јахтите и недвижностите.

Ексцентричниот Ваки овој долг го нарече „мал и неважен“.   

Неговото семејство е сопственик на фармацевтска компанија, а тој го наследи богатството. Ако се суди според фотографиите кои ги објавува Ваки е зависник од теретана и тетоважи.

Тој често настапува и како диџеј.