Спорт

Вардар вечерва гостува во Подгорица

Во последното коло од главната рунда, ракометарките на Вардар вечерва од 19 часот и 30 минути во Подгорица се среќаваат со Будуќност.

10.03.2018 17:46:18

Македонскиот првак во пресрет на последното коло сигурно го освојува првото место во групата, но ќе се обиде по втор пат сезонава во мечевите од шампионската лига да слави во дуелот со Будуќност.

Мечот нема никакво резултатско значење и за домашниот тим, кој без оглед на епилогот ќе остане на четвртата позиција и во четврт-финалето ќе се сретне со Ростов.

Почетокот на мечот во Подгорица е закажан за 19 часот и 30 минути.