Спорт

Дрезен триумфираше на спустот во Квитфјел

Германецот, Томас Дрезен го освои првото место на претпоследниот спуст сезонава што се возеше во норвешкиот скијачки центар Квитфјел.

10.03.2018 17:40:16

Дрезен до втората победа во кариерата стигна со време од 1 минута 49 секунди и 17 стотинки и за осум стоти дела беше побрз од Швајцарецот, Беат Фојц. Третото место му припадна на домашниот натпреварувач Аксел Лунд Свиндал, кој зад победникот заостана 17 стотинки.

Во редоследот за спуст Фојц води со 622 бода, 60 повеќе од Свиндал додека трет со 401 е денешниот победник Дрезен.

Во генералниот пласман за Светскиот куп на чело со 1494 бода е Марсел Хиршер на втората позиција со 1205 е Хенрик Кристоферсен од Норвешка, а трет со 776 е Свиндал.