Спорт

Кристалниот глобус во слалом за Шифрин

По триумфот во Офтершванг, Микаела Шифрин го освои малиот кристален глобус во слалом и ја одбрани титулата од минатата сезона.

10.03.2018 17:24:12

Американката во двете возење имаше вкупно време од 1 минута 49 секунди и 10 стотинки и за само девет стоти дела беше побрза од Венди Холденер од Швајцарија.

Третото место и припадна на Фрида Хансдотер од Шведска која зад победничката заостана 72 стотинки.

Во пресрет на завршницата во Аре, Шифрин во слалом има 880 бода, втора со 655 е Петра Влхова од Словачка додека трета со 625 е Холденер.

Во генералниот пласман за Светскиот куп, Шифрин води со 1673 бода, 623 повеќе од Холденер, а на третата позиција со 864 бода е Влхова.

Следната недела на програмата е завршницата на Светскиот куп чиј домаќин е шведскиот зимски центар Аре.