Спорт

Порази на водечките тимови на Западот

Во НБА лигата се одиграа десет натпревари, а вечерта ја одбележаа поразите на Хјустон и Голден Стејт.

10.03.2018 17:16:57

Во дуелот на лидерите во двете конференции Торонто го совлада Хјустон со 108:105. Кајл Лори мечот го заврши со 30 поени и шест асистенции, ДеМар ДеРозан имаше 23 поени и седум скока додека Јонас Валанчиунас впиша 14 поени и 10 освоени топки под обрачите.

На спротивната страна како по обичај лидер беше Џејмс Харден со учинок од 40 поени и четири скока, а Ерик Гордон и Крис Пол постигнаа по 14 поени.

Портланд го совлада Голден Стејт со 125:108 и ја прекина триумфалната низа на противникот од седум последователни победи. Си Џеј МекКалум беше стрелец на 30 поени, а Демијан Лилард додаде 28 поени и осум асистенции.

Во поразениот тим Кевин Дурент имаше 40 поени, шест додавања и шест скока, а Клеј Томпсон постигна 25 поени.

Во останатите натпревари:

Детроит - Чикаго  99:83

Индијана - Атланта  112:87

Мемфис - Јута  78:95

Милвоки - Њујорк  120:112

Њу Орлеанс - Вашингтон  97:116

Денвер - ЛА Лејкерс  125:116

Сакраменто - Орландо 94:88

ЛА Клиперс - Кливленд  116:102