Економија

2017-та завршила со стагнација на економијата

Лошиот тренд во економијата што започна кон средината на минатата година продолжува и годинава. Македонскиот економски раст сега се мери во трета децимала.

08.03.2018 17:40:28
Лошиот тренд во економијата што започна кон средината на минатата година продолжува и годинава. Македонскиот економски раст сега се мери во трета децимала. Од светската економска криза ова е прв случај Мкаедонија да падне на толку ниско економско ниво.

Минатата година започна оптимистички, со проекции за раст од 3% кои по промена на власта се спуштија на 2.2% и 1.6%, но НА КРАЈОТ минатата година заврши со поразувачка статистика. Македонската економија пораснала за само 0.025%.

Во првиот квартал растот бил нула, односно имало стагнација, во вториот бил минус 1.3% односно бил негативен, во третиот бил 0.2% а во четвртиот 1.2%. 
Градежништвото кое со години беше столбот на кој се потпираше економијата е најпроблематичниот сектор, заврши во негатива од 13.7%.

Во минус билЕ и рударството, Преработувачката индустрија,  финансиските дејности, дејностите во врска со недвижен имот,  стручните и научните дејности од, јавната управа и одбраната, уметноста и забавата.
Во плус завршиле единствено земјоделството, трговијата и комуникацискиот сектор.
Во 2017-та извозот се зголемил за 14.9% а увозот за 11%.