Економија

Повеќе од 400 работници преку протест си ги бараат сработените плати

Еден месец на улица, без работа и плата останаа повеќе од 200 работници од Веибо груп од Крива Паланка. Слична е приказната и со државната Еурокомпозит.

08.03.2018 17:41:54
Еден месец на улица, без работа и плата останаа повеќе од 200 работници од Веибо груп од Крива Паланка. Слична е приказната и со државната Еурокомпозит. И таму за повеќе од 200 работници и покрај преговорите на синдикатот и барањата на вработените ,  решенија се ветуваа но се уште не се најдоа. 

 За разлика од нив  Министерот за администрација  го реши проблемот на оние лица кои според Рамковен договор земале плата а не оделе на работа.  Тие нема да бидат отпуштени туку ќе продолжат да бидат на спискот за месечни примиња, но ќе добијат работни позиции кои самите ќе ги бираат.  Владата на СДСМ се потруди да им најде работа и тоа под државна капа.  

Манчевски  појасни дека ќе им биде понудена работа не само во јавната администрација туку ќе можат да бираат позиција и во целиот јавен сектор, односно во училиштата, градинките, здравствените установи, јавни пртепријатија.  
1 600 лица ќе можат да бираат каде сакаат да работат, а доколку не прифатат  тогаш одново ќе бидат ставени на трансфер листа од каде пак ќе можат да бидат распоредени во друга институција, работа која според Манчевски пред се мора да биде прифатлива за нив. 

Интересно е што први работа ќе добијат оние лица кои ги исполнувале условите да бидат на раководни позиции. Инаку за сето ова да се случи владата на СДСМ прави измени во 4 закони како и амандманска интервенција во законот за јавна администрација.  
Од друга страна, во агенцијата за вработување  регистрирани се околу 192 илјади невработени лица.  А според државната статистика  до  третиот квартал минатата година , бројот на невработени лица е  повеќе од 211 илјади.  Најголем дел од нив бараат работа.   


Марина Доковска Илијевска