Македонија

Грчката спогодба за името ја пишувале 60 експерти

Околу шеесетина експерти од грчка страна, во различни области го пишувале нацрт-договорот за проблемот со името, дознава Алфа од дипломатски извори во Атина.

08.03.2018 17:42:17
Околу шеесетина експерти од грчка страна, во различни области го пишувале нацрт-договорот за проблемот со името, дознава Алфа од дипломатски извори во Атина. Во креирањето на одредбите учествувале правници од Грција, но и врвни познавачи на меѓународното право од надвор – странци и Грци кои не живеат во соседната земја. Меѓу 60-мината има и претставници на меѓународни организации за човекови права, но грчката прецизност отишла до таму што учествувале дури и стручњаци за делот на имињата на интернет страниците, односно за кратенките од типот „мк“ или „мкд“. Ангажирани биле и  експерти врвни во областа за креирање на брендови.  

Практично ова, се поклопува со седумте грчки црвени линии, меѓу кои се и акронимите, имињата на продукти во трговска размена. Сето ова укажува на тоа дека станува збор за документ од чија содржина Грција нема намера да отстапува. 

Кој во Македонија ќе ја чита нацрт-верзијата? Дали тоа ќе биде само државниот врв или македонската страна има барем приближно сличен број и состав на комисија по теркот на 60те грчки експерти кои стручно, детално и аналитично ќе ја прочитаат и соодветно ќе одговорат? До почетокот на овие вести одговор од министерството за надворешни работи не добивме. 

А што се однесува до нацрт-верзијата, таа е наводно дополнета, односно изменета – како што објави денеска грчкиот весник „Иефемерида“, и како таква министерот Коѕијас ја претставил пред своите колеги на вонредна владина седница. Но, за разлика од досегашната стратегија кога пулсот на граѓаните од двете држави се тестираше преку медиумски ексклузивни информации, сега содржината на договорот креиран од, ни повеќе ни помалку - 60 експерти, грчката страна го чува далеку од новинарските очи. Барем засега.

Според последните информации, се очекува Коѕијас да го донесе документот најверојатно следната недела, и првично да му биде покажан на Димитров. Премиерот Ципрас води битка на повеќе фронтови, пишува весникот, но сепак е решителен да го затвори. 
Последната порака од Заев пак е дека нацрт-договорот се чека, но тоа не значи дека Македонија нема да има свој предлог, настрана од грчкиот 

Искра Коровешовска

 

Битка за Името

Од: Игор Јанев

Време: 08.03.2018 21:30:50

Коментар: Македонскиот предлог до Грција треба да биде Тие да ја променат име на својата Северна провинција и својот Устав во кои треба да внесе заштита на малцинствата, вклучувајќи и Македонско! Македонскиот предлог до Нимиц треба да биде Тој и Генсек да прогласи КРАЈ на преговорите за името и да Предложи до Генесек и Претседателите на Совет за Безбедност и Генералното собрание на ООН инструкција да се охрабри Македонската држава да поднесе (од Македонска страна) Резолуцијата на Генералното собрание на ООН со која БЈРМ ке го продолжи своето членство во ООН под уставното име Република Македонија.

gr.eksperti

Од: ljupco

Време: 08.03.2018 19:23:44

Коментар: vo grcija 60 eksperti ni ja krojat idninata a kaj nas nekolku ne eksperti ve molam vas od vladata viknete160 eksperti i dobro analizirajte gi site tocki i ne ostavajte prostor kako(firom)resetego prasanjeto vo nasa korist kako sto ni dolikuva na nas ve pozdravuvam i veruvam deka ke ja branete republika makedonija.

Од: ice

Време: 08.03.2018 18:48:56

Коментар: Makedoncite sekogas vo odbrana namesto ofansiva protiv genocidna Atina.

12